Јанев: Најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат пожарите на отворено
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, заедно со дел од неговиот тим го посетиле местото „Букоково“, на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гори борова шума, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што наведуваат од МВР, Јанев се заблагодарил за пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија, како и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка, вели, пожарите не може да се стават под контрола.
-Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен, рекол Јанев пренесуваат од МВР.
Ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, додал Јанев, кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.
Ново на Сител
-
Штип: Излетаа два автомобили - Повредени четири лица
-
Еврокомесарот Бретон поднесе оставка
-
Игор Стефановски – Иџе победи во својата група на Европскиот шампионат во ридски патеки
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени