Јаќоски: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период
Со задоцнување од еден ипол час во Кривичниот суд почна рочиштето за случајот „Монструм“ на СЈО. Причина за пролонгирањето беше вклучениот аларм во новата зграда на Кривичниот суд. Поради неможноста да се исклучи алармот, беше прекинато снабдувањето со струја во судот. По надминувањето на проблемот, вработените, обвинетите и нивните бранители, кои чекаа пред зградата на судот, се вратија во судниците.
На денешното рочиште за „Монструм“ исказ даваат балистичари и лекари од судска медицина. Професорот од Институтот за судска медицина Златко Јаќоски пред судот кажа дека тој заедно со професор Билјана Јаневска вечерта биле на увид на местото на петкратното убиство кај Смилковското езеро.
– Петте жртви се убиени каде што беa пронајдени и во брз временски период, рече Јаќоски, додавајќи дека жртвите починале од повеќе огнострелни повреди, а траги од крв имало под нивните тела што укажувало дека местото на настанот бил токму таму.
Јаќоски рече дека телото на рибарот Борче Стефановски било пронајдено до автомобилот со лицето свртено кон возилото, а во рацете имал клучеви. На хаубата од возилото било најдено мозочно ткиво.
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол