Loading Video...
Спорт плус
21. February 2019 - 19:43

Јада 100-ти на квалификациите на СП во Зифелд

На СП во нордиско скијање во Зифелд Австрија денеска се претставија и македонските претставници.

Најдобар резултат на спринтерската трка Крос-кантри во должина од 1, 6 килиметри нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 100-тото место во конкуренција на 145 учесници. Јада беше послаб за 42 секунди од првопласираниот Виктор Торн од Шведска.

Настапија и Никола Костоски и Никола Петкоски кои се пласираа на 141-то и 142-то место.

Во продолжение да го видиме и падот на Томас Асен Маркенг на квалификациите во скијачки скокови.  Асен имаше инцидент на последната заштитна бариера но за среќа мина без посериозни повреди.

Многу среќа имаше и спортскиот коментатор на НБ-Си кој за малку избегна удар од пакот на хокеарски натпревар. Од снимката се гледа дека плочката тешка околу 170 грама мина на неколку сантиметри од Мекгвајер.  Според информациите моќта на пакот е како испукан куршум од пиштол.