Џет-Сет
22. July 2019 - 21:50

Ја загуби најтешката битка: Почина познатата српска мисица на 33. годишна возраст

Познатата српска мисица Дијана Милојковиќ почина по долго и тешко боледување на 33 годишна возраст.

Како што се наведува, нејзиниот брат Милош Милојковиќ се огласи на Инстаграм и со тажен статус ја потврди оваа информација.

„Почивај во мир, сестро“, напиша тој.

Инаку, Дијана долго се бореше со опасната болест, а пред повеќе од месец дена во српската јавност одекна веста дека итно и е потребна крв. Дијана, Мис на Европа од 2014 година, со својот однос кон борбата со ракот инспирираше многу луѓе да и се восхитуваат и да се истраат во борбата со ракот.