Балкан
8. February 2017 - 10:21

Ја убил сестрата па ја скрил пушката на таванот, детето раскажа нови детали

Малолетниот Н.Ѓ. (15) од Сврљиг кој пред 2 дена во семејната куќа со татковата ловечка пушка случајно ја уби својата сестра Јована Ѓорѓевиќ (19) кога сфатил што направил, го скрил оружјето на таванот, пишува Информер.

На сослушањето потоа во детали опишал како ја убил сестрата. Признал дека ужасно се исплашил и дека тоа било причина што одлучила да ја сокрие пуштката. Одреден му е притвор од 30 дена поради убиство, а му се заканаува и престој во Воспитно поправен ден во траење од шест месеци до 4 години.

Foto: Telegraf

Како што е утврденов о текот на истрагата, несреќата се случила откако се вратил таткото од лов и ја оставил пушката во приземјето од куќата. Детето потоа ја зело пушката и ја однело на спрат, каде била Јована и неговата помлада сестра како и три деца од неговиот чичко.

Миодраг Митиќ, дедо по мајка на Јована и Н.Ѓ. раскажал дека неговиот внук стоел на дното од скалите, а Јована на врвот.

Foto: privatna arhiva

– Внукот се шегувал со неа. Ја повикал: Јована, Јована... а кога се свртела, пушката испукала. Се здобила со смртоносна повреда на главата, а при падот удрила со главата во скалилата, што и ја влошило првичната огнострелна повреда, објаснува очајниот дедо.

Родителите на настраданата девојка Јован и Ирена занемеа од болка.