Џет-Сет
26. February 2018 - 19:23

Ја освои публиката со своите глас и стас, а потоа се обиде да се самоубие: Како изгледа денес и што прави убавата Милица?

Таа го покажа својот музички талент во 2008-ма година во музичкиот натпревар “Операција триумф”. Освен со својот талент, ја воодушеви публиката со својата убавина.

По музичкиот успех, Милица Мајсторовиќ се бореше со неколку проблеми. Денес е актерка во серијата „Nemanjći-povratak kraljevine“.

Милица во серијата ја игра Јефтимија, ќерка на Стефан Немања. Нејзините обожаватели се воодушевени. Милица освен што има интересна улога, таа се појавува во интересни изданија кога облеката е во прашање.

Пред неколку години, таа беше дел и од серијата „Жените од Дедиње“.

Обид за самоубиство

За жал, Милица се чини не можеше да се понесе гордо со својот успех.

Без оглед на сите нагодувања дека Милица Мајсторовиќ се обиде да изврши самоубиство заради љубовни маки, магазинот Story откри дека во прашање е нешто сосема друго.

Имено, како што се тврди во овој текст, Милица дигнала раце на себе заради неостварените амбиции во кариерата.

Тоа што, за жал, ја одбележа нејзината музичка кариера и период на најголема популарност, е нејзиниот обид за самоубиство во 2010-та година. Милица тогаш со комбинација на лекови, алкохол и дрога се обидела да си го одземе животот, за да два месеци подоцна колабрирала од преголема доза на антидепресиви.