Тенис
5. November 2019 - 19:42

Извлечени групите за Мастерсот во Лондон

Во англиската престолнина  со ждрепка се извлечени групите за завршниот тениски Мастерс на кој ќе играат најдобрите тенисери и тоа од 10 до 17 ноември.

Среќата сакаше во иста група да бидат  Новак Ѓоковиќ, кој во неделата го освои Мастерсот во Париз и Роже Федерер. Дуелот во „О2“ арената во Лондон ќе биде нов меч  по пауза од четири месеци од финалето  во Вимблдон.

Ѓоковиќ и Федерер се во групата „Бјерн Борг“ заедно со Доминик Тим и Матео Беретини.

Во групата „Андре Агаси“ е првиот носител Рафаел Надал, заедно со русинот  Данил Медведев, Стефанос Циципас и бранителот на трофејот Германецот Александар Зверев.