Loading Video...
Фудбал
27. July 2020 - 15:07

Извлечени двојките за новата сезона во ПМФЛ

Во Фудбалската федерација на Македонија, денеска точно напладене со одржа ждрепката за новата сезона во прволигашката конкуренција. 
 
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига која годинава ќе брои 12 екипи, ќе започне на 9 август, а во премиерното коло најголемо внимание треба да привлече дуелот меѓу Шкупи и Шкендија. 
 
Актуелниот шампион Вардар, кој се судрува со огромни проблеми околу својата егзистенција, сезоната треба да ја започне со дуелот на домашен терен против велешки Борец. 
 
Вицепрвакот и наш претставник во Лигата на шампионите кратовски Силекс во првото коло ќе гостува во Струмица кај повратникот во прволигашкото друштво Беласица. 
 
И битолски Пелистер кој избори статус на прволигаш ќе игра на домашен терен против Академија Пандев, а во скопското дерби Македонија Ѓ.П. ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со Работнички. Последниот пар за 1.коло го сочинуваат Ренова и Струга Трим Љум. 
 
Првиот дел од сезоната треба да биде заокружен до 16 декември со одигрување на 18 кола
 
ПМФЛ - 1.коло (двојки)
Шкупи - Шкендија
Вардар - Борец
Беласица - Силекс
Пелистер - Академија Пандев
Македонија Ѓ.П. - Работнички
Ренова - Струга Трим Љум
 

Во продолжение, преземете го комплетниот распоред на натпревари за натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва МФЛ.  Распоред Прва МФЛ 202021.pdf