Извинување на Асанж: Го направив единственото што можев да го направам
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера во суд во Лондон беше осуден на 50 недели затвор поради кршење на условната слобода, им се извини на сите кои сметаат дека не им покажал почитување, истакнувајќи дека тоа не била негова намера.
Асанж во писмо, кое вчера беше прочитано пред судот, наведе дека во еден момент „се борел со тешки околности“, јави Би-би-си.
– Го направив она за што во тој момент мислев дека е најдобро или можеби единствено што можев да го направам, наведе Асанж.
Судот во Лондон за време на изрекувањето на пресудата наведе дека Асанж ја прекршил условната слобода пред околу седум години, по што се криел во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде му беше даден азил.
Судијката Дебора Тејлор изјави дека Асанж ја искористил својата привилегирана состојба за да го прекрши законот и да го изрази својот презир кон британската правда.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи