Македонија
4. May 2019 - 16:26

Извидници во акција во Прилеп

Насловена како „Експедиција населување на Фениксија“ извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп годинава ја организираше третата по ред извидничка акција, во која учествуваа над 200 извидници од Македонија и Србија. Учесниците на настанот беа сместени во шатори во близина на манастирот Св. Јован Крстител кај „Маркова Чешпа“. Целта била преку натпревари во ориентатција и дружење екипите да го населуваат измислениот континент „Фениксија“.

„Натпреварувачите имаат стаза од 5 часа низ градот со што ќе ги посетат културните знаменитости на нашиот град. Потоа се враќаат тука на стартното место, имаат полигон со игри, се собираат бодовите и утре имаме свечено затворање“, истакна Ивана Сурлаџиоска, началник на извиднички одред „Феникс“ – Прилеп.

Во Македонија моментално имало 18 извиднички одреди со околу 2.500 активни членови. Вакви настани се организирале во многу градови, а извидништвото станувале доста популарно.

„Целта на извидништвото е поттик на младите луѓе да ја засакаат природата, да научат како да живеат во природата и како според мене сами да се снајдат во животот“, рече Даниел Ангеловски, член на извиднички одред „Гоце Делчев“ – Свети Николе.

Македонските извидници имале огрома соработка со извидниците од целиот свет.

„Македонија е се повеќе и повеќе посетена од странскииве извидници, има голем интерес, имаме  прекрасна природа, убави реони за двиижење и кампување“, додаде Елвис Тодороски, началник на извиднички одред „Пионер“ од Охрид.

Македонските извидници сепак се пожалија дека не добиваат ниту денар државна помош и побараа поголема поддршка од институциите по теркот на тоа како се финансираат овие здруженија во Европа.

„Како што стремиме кон Европа така и ова младинско движење да започне да се финансира односно поддржува на таков начин на каков што е тоа регулирано во западните развиени држави“, кажа Зоран Костовски, старешина на извиднички одред „Пионер“ од Охрид.

Овој настан во Прилеп  ќе трае до недела кога свечено ќе биде затворена оваа експедиција.