Македонија
27. December 2016 - 14:18

„Извештаи на Рисот“ кохерентен проект на Славе Ѓорго Димоски и Сергеј Андреевски

Издавачката куќа ПНВ Публикации ја објави книгата „Извештаи на Рисот“, оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски.  

Книгата на 44 странци содржи дваесетина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски, распоредени во неколку циклуси.

Издавачите се надеваат дека покрај уживањето во поетско-уметничкиот израз, книгата со својот концепт и самиот наслов ќе има и еколошка димензија да ја подразбуди свеста за исчезнувањето на рисот од нашите планини. 

Книгата претставуваа метафоричко-алегориски однос кон актуелното време, пред се врзано за нас самите. „Извештаи“ како строго полициски термин и „Рисот“, амблематичен лирски субјект кој што е симбол на индивидуалноста, на слободата и на дивиот порив, тајновито присутен во сенчестите агли на недопрените гори, но кој исчезнува или веќе е исчезнат, велат авторите.