Македонија
13. July 2021 - 16:33

Извадил пиштол и го застрелал во потколеница во Чаршија, кривична за 25-годишник од Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ч.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 23.06.2021 околу 21.30 часот, пред угостителски објект во Стара чаршија во Скопје, по претходно вербална расправија помеѓу М.Е.Е.(30) од Турција, пријавениот, oд една страна, и оштетениот Т.Б.(29) од Турција, К.С. (22) и уште неколку лица, М.Ч. испукал од пиштол во правец кон К.С. и Т.Б., по што и М.Е.Е. испукал неколку проектили од пиштол кон Т.Б., нанесувајќи му повреди во пределот на потколеницата.