Израелската армија уништи објект на военото разузнавање на Хамас во Газа
Израелски борбени авиони грантираа објект на военото разузнавање на Хамас во северниот дел на појасот Газа. Тоа го објави армиската прес-служба.
„Во текот на ноќта, израелската армија погодија военоразузнавачки објект на терористичката организација Хамас, лоциран во северниот дел на појасот Газа“, соопшти војската.
Утрово палестинските радикали продолжија со ракетен напад врз големиот град Бер Шева во јужен Израел, соопшти прес-службата на израелската армија.
„Во градот Бер Шева активирани се сирени за воздушна тревога“, се вели во соопштението. Во текот на изминатата ноќ градот неколкупати беше погоден од ракетен оган од Појасот Газа.
Палестинците пријавија 11 загинати на окупираниот Западен брег во судири меѓу демонстранти и израелските безбедносни сили, а најмалку 132 лица се убиени во Газа од понеделникот, вклучувајќи 32 деца и 21 жена и 950 ранети, соопштија палестинските медицински власти.
Меѓу осумте загинати, колку што досега потврдија во Израел, покрај војниците кои загинаа на границата со Газа, има и шест цивили, меѓу кои и две деца, објавија израелските власти.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор