Loading Video...
Свет
7. March 2021 - 19:35

Израел ги отвори рестораните и кафулињата под одредени услови

Израел ги отвори рестораните и кафулињата под одредени услови. Внатре може да се послужуваат само гостите со „зелен пасош“, односно оние кои примиле две дози на антиковид вакцина. Гости кои не биле вакцинирани можат да седат само на отворено. Правилата за растојание и хигиена сè уште важат за сите граѓани на Израел објави кабинетот на премиерот. Новина има и за студените. Оние со зелен пасош може да се вратат на универзитетите.  Невакцинираните студенти наставата ќе ја следат онлајн. Кампањата за вакцинација во Израел е една од најбрзите во светот. Во земја со население од нешто над 9 милиони жители, повеќе од 4,9 милиони досега ја примиле првата доза на вакцина, а околу 3,7 милиони ја примиле втората доза.

Швајцарците  на денешниот референдум поддржаа забрана за покривање на лицата на жените на јавни места пренесуваат тамошните медиуми. Иницијативата беше покрената од крајната десница. Швајцарската Влада е против мерката.

Американскиот Сенат го усвои пакетот финансиски мерки на претседателот Бајден насочен за помош на Американците во справувањето со влијанието на ковид пандемијата. Пакетот вклучува 400 милијарди долари еднократна исплата за повеќето Американци по 1.400 долари, 300 долари неделно продолжени надоместоци за 9,5 милиони луѓе кои останаа без работа во кризата и 350 милијарди долари помош за државните и локалните власти чии буџети се намалени од пандемијата. Бајден го опиша гласањето како „уште еден гигантски чекор напред“ во остварувањето на ветувањето за помош на луѓето. Мерките сега ќе бидат испратени до Претставничкиот дом за дополнително гласање. Долниот дом на Конрегсот за нив ќе гласа наредните денови.