Македонија
16. January 2021 - 18:39

Измамен скопјанец: Дал 13.500 денари, но не добил дрва

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14:30 часот во Полициската станица Драчево, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари.

Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во н.м. Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило. Исто така, според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.