Македонија
29. May 2018 - 8:13

Изложба „Современи полски графичари“ во Битола

Изложба „Современи полски графичари“ ќе биде отворена вечер во уметничката галерија Магаза во Битола.

Изложбата ја организира Амбасадата на Република Полска во Скопје, Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“ - огранок во Битола во соработка со НУ Завод и Музеј Битола и Меѓународно графичко триенале Битола.