Изложба „Низ четката на преспанските уметници“ во Ресен
Педесеттина дела се претставени на изложбата „Низ четката на преспанските уметници“ што изминатава недела е поставена во изложбениот салон во Домот на културата „Драги Тозија“ во рамките на предновогодишната програма.
Организаторот на изложбата Марија Груевска информира дека претставени се дела од различни теми и стилови на роднокрајни автори-аматери, како и од уметници од ликовната работилница што летово се одржа во Отешево.
Изложбата, според неа, стана тардиционална, се организира по петти јубилеен пат и пројавува се поголем интерес кај ресенци, но и кај гостите.
- Интересот од година во година е се поголем. Годинава имаше масовна посетеност. Секоја година се трудиме да внесуваме новини за подобрување и зачувавување на културата и уметноста и да се промовира аматеризмот, изјави Груевска.
Изложбата беше отворена на 18 овој месец, а делата ќе бидта изложени до утре.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат