Македонија
11. April 2016 - 8:29

Изложба на Владо Костов во АРТ-центарот во Скопје

Изложба на дела од уметникот Владо Костов ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Центарот за современа уметност АРТ од Скопје.

Постановката ја сочинуваат скулптури изработени од старо отпадно железо, што е и претпознатлив израз на Костов.

Владо Костов - Ваце е роден 1968 година во Скопје каде завршува на училиштето за применета уметност "Лазар Личеновски". По завршувањето на училиштето во 1987 година заминува во Лондон во студиото за анимација и карикатура Hollywood Road Film Production работејќи како цртач – соработник  на Дарко Марковиќ.  

Во 2005 година Костов го открива својот оригинален уметнички израз со изработката на првата негова скулптура од отпадно железо посветена на легендата на џезот - саксофонистот Чарли Паркер. Имено, со оваа скултура тој е дел од мултимедијалниот проектот „Омаж за Чарли Паркер“.

Костов е автор на неколку самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби. 

Центарот за современа уметност АРТ е сместен во зградата на бизнис центарот ОРКА Холдинг.