Македонија
10. December 2016 - 15:47

Изложба на Мулти Култи по повод Меѓународниот ден на човекови права

Мулти Култи, денеска по повод Меѓународниот ден на човековите права, организираше изложба во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ на која посетителите имаа можност да разгледаат видеа, фотографии, колажи и да проследат театарски перформанси реализирани од средношколци од Куманово.

- Овој настан е именуван CUBE: THE EXHIBITION, значи изложба која ги презентира сите продукти кои што ги добивме од работилниците за средношколци. Се одржаа вкупно четири работилници за мотивација, за стрип, театар и за екологија на кои учествуваа 60-тина средношколци од сите средни училишта од градот кои твореа на различни теми, изјави Александра Михајловска, координатор на проектот.

Во рамките на работилниците средношколците од различни етнички заедници и профили имаа можност да учат и да се запознаваат меѓусебе, но и да се се забавуваат и дружат.

Изложбата и работилниците се дел од проектот „МultiКулти Social Youth Service“ финансиран од УНДП.