Македонија
31. March 2016 - 8:44

Изложба на фотографии на Каролина Мицевска

Во Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден, денеска ќе биде отворена изложба на фотографии на новинарката Каролина Мицевска.

На изложбата насловена „Момент на впечатоци“, Мицевска се претставува со 24 нејзини дела настанати како резултат на, како што вели самата, „нејзините убави моменти“ во Македонија и Русија.

Каролина Мицевска е од Прилеп и е дипломиран новинар на Факултетот по Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Покрај пишувањето, секојдневна пасија и е фотографирањето, овековечувањето на настани, објекти, луѓе...