Изложба и концерт на „Скопско лето“
На „Скопско лето“ вечер ќе има изложба на Дренуша Палоши, од 20:30 часот во Културно-информативниот центар, и концерт на бугарскиот пијанист Димчо Величков, во Музеј на Град Скопје од 21 часот.
Денуша Палоши (Тетово, 1989) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на Државниот универзитет во Тетово. Изложбата ќе претстави дела во техниката акрил на платно. Насловена е „Музичка реминисценција во сликарството“ и ги одразува афинитетите на авторката кон двете уметности - музичката и ликовната.
Кустосот Маја Чанкуловска-Михајловска наведува дека во ликовната естетика на Палоши тие се неразделни фактори во создавањето на уметничкото дело кои меѓусебно се испреплетуваат.
- Инспирирацијата доаѓа од најраната поврзаност со музиката, во која се прикажани сликари и композитори од историјата на уметноста, особено сликарот Васили Кандински, кој прв ја направил врската помеѓу музиката и сликарството, како и композиторот и познатиот музичар Антонио Вивалди со неговите композиции за „Четирите годишни времиња“, наведува Чанкуловска-Михајловска.
Во Музејот на Град Скопје вечер ќе се одржи и концерт на пијанистот од Бугарија, Димчо Величков. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира концертот во соработка со Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје.
На програмата се композиции од Александар Скрјабин, Красимир Ќуркчијски, Франц Лист, Александар Владигеров, Модест Мусоргски.
Димчо Величков (Стара Загора, 1987) потекнува од музичко семејство и од шестгодишна возраст почнал да свири пијано. Студирал пијано на Универзитетот за музика и уметност во Виена и магистрирал во 2015 година. Бил дел од симфонискиот оркестар „Блу џинс солист Виена“. Настапувал на концерти во повеќе европски земји, како и во Јужна Кореја и Канада, и учествувал на натпревари и фестивали во Бугарија и во странство.
Од 2017 работи како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц
Шуберт” во Виена и во приватното музичко училиште „Шмид и Цетелман”. Добитник е на повеќе национални и меѓународни награди.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово