Македонија
15. July 2020 - 19:35

Излезноста до 19 часот 45.77%

Излезноста на избирачките места до 19 часот според последните информации на ДИК на ниво на Македонија изнесува 45.77% во сите шест изборни единици. Обработени се податоци од 3,463 избирачки места од вкупно 3480.

Вкупно гласале 829,927 граѓани.

Излезноста по изборни единици изразена во проценти во продолжение:

И1 - 47,4%

И2 - 43,4%

И3 - 51,52%

И4 - 53,24%

И5 - 44,89%

И6 - 35,49%