Македонија
6. September 2019 - 10:45

Изгоре куќа во Струмица

Во пожар, што избувна околу 9 часот, изгоре стара куќа, а зафатен е покрив од уште една на улицата „Јајце“ во Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни возила и 12 пожарникари на ТППЕ Струмица и не е дозволено пожарот да ги зафати и останатите куќи во овој дел на градот, што е густo населен.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.