Македонија
7. February 2017 - 14:25

Изгоре барака во Скопје, во ќумбе гореле пластични шишиња

Ноќеска во 03.11 часот во ЕИК-Скопје, од страна на вработен во Бригадата за противпожарна заштита, пријавено било дека во Скопје на ул. „Горно Лисиче“-расадник „Цветан Димов“, настанал пожар во стара барака од околу 100 метри квадратни, која се користела како отпад за пластични шишиња.
 
Пожарот најверојатно настанал од ќумбе за кое сопственикот тврдел дека не било запалено.
 
Пожарот е локализиран од екипа на БППЗ Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.