ОН: Изгледа и јули ќе биде најтопол во историјата на мерење температура
Нашата планета на глобално ниво можеби беше најжешка во историјата во јули во споредба со записите што некогаш се забележани тој месец, објави Светската метеоролошка организација (WMO) денеска, само една недела откако европскиот топлотен бран ги собори сите претходни рекорди за температура.
Податоците засновани врз првите 29 дена во месецот посочуваат дека јули 2019 година ќе биде исто топол или можеби потопол од претходниот најтопол јули, регистриран во 2016 година, во исто време и најтопол месец досега.
Во тоа време, просечната температура на копно и море беше за 0,87 степени Целзиусови повисока од просечната измерена во текот на 20 век, според WMO и Националната служба за атмосферска и океанографска служба на САД (NOAA).
Минатиот месец, Светската метеоролошка организација објави дека јуни 2019 година бил најтоплиот месец во историјата, а 2019 година може да стане една од најтопли години досега, односно од моментот кога записите започнале во 1880 година.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители