Македонија
25. February 2020 - 13:43

Изгаснат пожарот во Ново Лисиче, повредени двајца станари

Изгаснат е пожарот кој утринава, зафати стан во населбата Ново Лисиче.

Две лица се полесно повредени и во моментот се наоѓаат во болница. Станува збор за постара неподвижна жена и нејзиниот маж кој имал деменција.

Нивниот син не е повреден. Тој се сомнева дека причината за пожарот е цигара.

Неговиот татко, запалил цигара, но поради сериозност на болеста, не се сеќава што точно се случило. Пожарот избувнал во 9 часот утринава.

Елена Милошевска