Балкан
30. September 2018 - 12:41

Изчезнаа за 20 секунди со плен од 1000 евра: Снимка од неверојатен грабеж на златара во Хрватска

Момчето во зелена јакна, сиви панталони и црни патики пријде на излогот на златара во Самобор во Хрватска.

На главата ја набил качулката со крзно, веројатно за барем делумно да си го сокрие лицет.

Додека се приближува до излогот, зема метален предмет од џебот и со него го удира стаклото додека не се скрши. Потоа ја завлекува раката во излогот, зема нешто и со трчање се оддалчува.

Се гледа како на одење со рака му дава знак на друго момче, кое стои на аголот преку улица и чува стража за да не наиде некој. Веднаш откако партнерот му сигнализира и тој бега. Се се случува за 20 секунди.

Според неофицијалните информации, од златарата е украдено едно постоље, на кој се наоѓал накит вреден околу 7.500 куни (околу 1.000 евра). Вкупната шетата е околу 10.000 куни (околу 1.300 евра). Според неофицијалнтие информации потрагата по крадецот и помагачот се уште трае.