Македонија
24. јуни 2018 - 13:03

Избувна пожар во фарма за свињи

На 23.06.2018 година околу 18,00 часот во с.Брвеница-Тетово, во свињарска фарма  сопственост на Д.Ј (29) од с.Брвеница, настанал пожар, кој ја зафатил дрвената конструкција од фармата. Причина за пожарот е дефект на агрегат за производство на електрична енергија.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна екипа  од Тетово.