Loading Video...
Свет
25. September 2022 - 16:32

Избори во Италија: Ќе победи ли крајната десница и што ќе значи тоа за Европа?

Клучни избори за Италија. Се очекува лесна победа на десниот блок, предводен од Џорџа Мелони и нејзината националистичка партија Браката на Италија.  Во нејзината коалиција се и популистичката лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија на Силвио Берлускони . 

Се предвидува дека овој блок ќе добие и апсолутно мнозинство во долниот и горниот дом на парламентот . Во тој случај  Мелони би станала и првата жена премиер во италијанската историја. Граѓаните се надеваат дека овие избори ќе донесат промени.

Анкетите направени две недели пред изборите покажуваат дека партијата Браката на Италија би требало да освојат 25 проценти од гласовите, Лигара 13, а Фирца Италија 7, што значи дека десниот блок би имал 250 места во долниот дом кој брои 400 пратеници, и 126 сенатори од вкупно 200.

Демократска партија  би добила 22, а Движењето пет зведички на екс премиерот Конте 13 насто. Доколку победи десницата тоа веројатно  би довело и до промени  во надворешната политика на земјата. Партијата  на 45 годишната Мелони е екстремно десна, критички настроена кон ЕУ, а нејзините коалициони партнери имаат близок однос со Путин.

 Шефицата на Европската комисија Вон дер Лајен уште пред изборите порача дека - Доколку  во Италија работите тргнат во  проблематичен  правец, како во случајот со Унгарија и Полска, имаме  инструменти како да се справиме со тоа. Ваквата изјава  Салвини ја отфрли како срамна и  арогантна, а остро  реагираа и другите италијански политичари.