Бизнис
17. April 2021 - 19:56

Ивент индустријата без договор си замина од Влада, протестот ставен во мирување

Без конкретен договор заврши тричасовната средба меѓу вицепремиерот Битиќи и претставанциите од Ивент индустријата.  Тие бараат неповратна помош во вид на грантови за покривање на загубите во секторот кои  надминаа 60 проценти, но владата им нуди финансиска поддршка од еден милион евра кој ќе покријат најмалку 40-тина настани од јавен карактер. За да добијат средства  мора да конкурираат на јавениот повик и да бида одбрани.  Организаторите на  настани велат дека протестите ќе ги стават во мирување додека не помине конкурсот за да видат колку мерката ќе им биде од помош.

Од Владата велат дека со ваквата мерка ќе бидат помогнати сите компании од секторот.

Целта на овој јавен повик е да даде можност за поддршка на сите компании кои организираат настани, а кои имаат загуби поради корона кризата, без да се фаворизираа било која компанија и без да се исклучува било која компанија, затоа што тоа не е праведно ниту правично. Владата ќе ја оценува секоја апликација поединечно и ќе бодува според поставените критериуми и согласно тоа, бројот на апликанти нема да влијае врз оценките за секоја индивидуална апликација. Тоа значи дека одлуката дали еден предлог проект зависи од оценката на апликацијата за тој проект, а не од тоа колку апликации стигнале на повикот –има доволно буџет за сите кои ќе ги исполнат условите, се вели во дописот од Владата.

Од Ивент индустријата изминатава недела неколку пати  излегоа на протести. Повеќе од 14 месеци се без активности, но досега успеале да ги задржат вработените и да не затворат фирми но не се сигурни дека тоа ќе биде така и во иднина. Од следната недела на протест излегуваат туристичките работници, организаторите на свадби и останатите угостители.