Џет-Сет
18. March 2018 - 12:19

Ивановиќ и Швајнштајгер добија син

 Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се породи денеска во Чикаго и на свет донесе здраво машко дете, објавија некои американски медиуми.

Таткото на бебето е сопругот на Ана и поранешен германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер.

Тој игра за Чикаго во американската МЛС – лига.

Познатата спортска двојка во брак е две години