Македонија
26. November 2018 - 9:44

Иванов ќе учествува на 9. Самит Босфор во Истанбул

 Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 9. Самит Босфор, што ќе се одржи во Истанбул.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе се обрати на отворањето на самитот, чија главна тема годинава е „Одржување на мирот и развојот за сите“.

Во рамки на работната посета на Турција, претседателот Иванов ќе го посети градот Бурса, каде е предвидено да одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“