Џет-Сет
26. March 2016 - 11:00

Иван Ивановиќ до Дара: Неша има подобри нозе од твоите!

Четвртата епизода од хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“ ќе биде многу интересно, меѓудругото и поради тоа што на сцената ќе се појави дупла Дара Бубамара. Имено, пејачката која и самата се натпреварува во шоуто ќе ја имитира комичарот Неша Бриџис.

Дека стендап комиачрот успешно ја одработи трансформацијата и одлично ја одглуми фолк пејачката, потврдуваат и коментарите од жирито. Највоодушевен од настапот на Неша во кожата на Бубамара беше Иван Ивановиќ кој му упати бројни комплименти, но не поради настапот со раперот Цвија, со кој ја отпеа песната „Ноќ за нас“, ниту поради мешањето со колковите во придружба на згодните танчерки, туку на сметка на неговиот физички изглед.

-Неша има подобри нозе од оригинал Дара - рече водителот, што предизвика смеа во студиото.

Секако, не се сомневаме дека Радојка Аџиќ имала подготвен одговор за Иван Иванович на неговата забелешка.

Жирито е воодушевено од костимите како и од одличната пејачка интерпретација на Ивана Петерс и Никола Роквиќ, кои беа во улогите на Фреди Меркјури и Монсерат Кабалје во изведувањето на нумерата „Барселона“. И покрај тоа што се препотуваше под неколкуте килограми синѓер, Роквиќ по повеќеминутниот аплауз и се заблагодари на продукцијата ТЛЗП што му овозможи барем на неколку минути да се ччувствува како примадона.

Исто така публиката во студиото ја размрда и Горан Бреговиќ, поточно Даниел Кајмакоски, кој имаше чест да го имитира славниот рокер. Македонецот ја изведе енергичната песна „Калашњиков“ во придружба на оркестарот „Данијел“.

Сите останати учесници во шоуто „Твоето лице звучи познато“ може да ги гледате утре со почеток во 21 часот на програмата на ТВ Сител.