Македонија
20. November 2019 - 16:37

Италијанските медиуми тврдат дека францускиот предлог за проширувањето е мртов

Почетокот на дебатата за новата методологија не ветува брза разрешница. Предлози за трансформација на пристапниот процес има повеќе. Холандија не е изнанадена од бавноста на целиот процес и порачува дека сите опции треба да се разгледаат.

И Грција очекува Европската комисија да ги слушне сите предлози а не само оној на Франција. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис  побара многу брзо да излезе со нова рамка преку која  ќе може да се започне процесот на проширување на Унијата со Западен Балкан

А италијанските медиуми го прогласија  францускиот предлогза  мртов и пред да се роди. Весникот Линдро коментирајки го вчерашниот министерски состанок во Брисел очекува секоја земја членка да излезе со своја идеја за ревидирање на преговарачкиот процес, а тоа , како и Франција, да го исористи за  внатрешни полтички цели.

Францускиот предлог е амбивалентен во однос на  тоа дали земјите аспиранти ке станат членки на Унијата. Нивниот проект повеќе оди кон еден вид асоцијација на ЕУ со земјите на Балканот отколку кон полноправно членство. Вакво нешто не постоеше во досегашниот начин на присташување со кој раководеше Комисијата, коментираат аналитичарите за весникот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека постепениот начин на пристапување кој го заговара Франција само ке ги одалечи земјите на Западнито Балкан од Европа, за што се загрижени и САД чиј приориет е стабилноста и безбедниоста на регионот.

И Премиерот Заев стравува дека француската блокада за Македонија  може да го дестабилизира целиот  регионот. Во  интервју за Њујорк Тајмс тој вели дека е загрижен дека национализмот и радикализмот можат повторно да земат замав.

- Постои ризик повторно да се отворат конфликти во внатрешноста на државите. Исто така, повторно да се отворат конфликти меѓу земјите

Во интервуто Заев вели дека одлуката на Франција  го уништила лично,  психички. Светлата на Европа се изгасени, и ние сме во темница, којзнае каде ова ке не одведе , изјави за Њујорк тајмс, премиерот.