Свет
8. November 2017 - 18:12

Италија забрани објавување фотографии на деца на Фејсбук

Судот во Италија донесе забрана за објавување видеа и фотографии од деца на Фејсбук. Станува збор за случаи, во кои едниот од родителите на дел согласност за објавување.

Од социјалната мрежа Фејсбук ќе бидат отстранети и стари фотографии во случај едниот родител да забрани објавување.

Италијанските власти предупредуваат дека колку и да изгледа невино, објавувањето фотографии од деца крие големи ризици, пред се поради можноста да бидат искористени на педофилски интернет страници.

Одлуката на судот е донесена откако разведен татко поднесе тужба против мајката поради објавување фотографии од нивното дете.