Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак

Ставовите на младите кон бракот се менуваат. Според истражувањето „Monitoring the Future“ на Pew Research Center, процентот на девојки во четврта година средно образование кои изјавиле дека сакаат да стапат во брак паднал од 83 отсто во 1993 година на 61 отсто три децении подоцна, додека интересот за брак кај момчињата во голема мера останал непроменет.
Во периодот од 2019 до 2023 година, процентот на жени кои сметаат дека бракот не е важен за исполнет живот се зголемил од 31 на 48 отсто. Од друга страна, неодамнешно истражување на IFS покажало дека 68 отсто од младите момчиња сè уште велат дека дефинитивно сакаат да стапат во брак, додека само 11 отсто изјавиле дека не сакаат.
Истражувачите сметаат дека растечката разлика може да биде поврзана со промените во животните приоритети, поголемата посветеност на кариерата и промените во сфаќањата за тоа што го прави животот исполнет.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
