Истражување: Во развиените земји расте прифаќањето на вакцини против Ковид
Подготвеноста за вакцинација против коронавирусот расте во споредба со минатата година, покажа истражување спроведено во шест развиени земји.
Повеќе луѓе во Велика Британија, САД, па дури и во скептична Франција сега сметаат дека е добра идеја да се вакцинираат, покажува истражувањето на консултантската куќа KekstCNC спроведено во февруари.
Истражувањето е спроведено во Германија, Јапонија и Шведска и трендот е идентичен во сите земји.
– Со почетокот на кампањите за вакцинација, се повеќе луѓе велат дека се подготвени да се вакцинираат, се вели во студијата.
Најголемо прифаќање има во Велика Британија со 89 проценти, наспроти 70 проценти во декември.
Во Шведска е регистриран најголем пораст, од 53 проценти во декември на 76 проценти денес. Во Германија, стапката на одобрување скокна од 63 на 73 проценти, во Јапонија од 50 на 64 проценти и во САД од 58, исто така на 64 проценти.
Од земјите опфатени со студијата, кај Французите има најмалку ентузијазам кога станува збор за вакцинација против коронавирусот. Сега 59 проценти од граѓаните би примиле вакцина, но тоа е исто така голем скок во споредба со 40 проценти во декември.
Сепак, многу испитаници не се задоволни од стапката на вакцинација во нивните земји.
Додека 76 проценти од Британците сметаат дека нивната Влада работи добро во процесот на вакцинација, тој број нагло паѓа на 32 проценти во Америка, 28 проценти во Јапонија и Германија, 22 проценти во Франција и само 20 проценти во Шведска.
Испитаниците од овие шест земји веруваат дека во сето ова најдобро работат Британците и Израелците.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија