Македонија
22. јуни 2018 - 16:15

Истрагата не исклучува подметнат пожар, во кој загинаа 3 деца во Велес

Интензивно се работи на расветлување на причините за трагичниот настан, информира Велешкото јавно обвинителство.. Во писменото известување пишуваат дека во тек е вештачењето на материјалните предмети подигнати од увидот во опожарената куќа.. 

„Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во продавницата во која биле родителите на трите деца во моментот на избувнување на пожарот, со цел да се утврди колку долго тие се задржале таму. Се разговара со сите лица кои би можеле да имаат некави сознанија за настанот“, велат од обвинителството..

Докази собира и полицијата.Од СВР Велес велат дека родителите се повторно повикани на распит но поради погребот на децата, не се знае кога ќе седнат пред инспекторите.. Полицијата не ја исклучува можноста пожарот  во домот на Никола и Марина да е подметнат.. Велат дека тоа ја комплицира истрагата но се истражуваат сите претпоставки за трагедијата..

Завчера попладне во својот дом живи изгореа Теона Петар и Драгана.. Нивните родители ги заклучиле и заминале до блиската продавница но кога се вратиле куќата ја нашле во пламен..