Истекува рокот за поднесување годишни пресметки
Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува денеска, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија.
- За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.03.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма, велат од Централниот регистар.
Потенцираат дека Централниот регистар денеска ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, додека во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево работното време ќе биде од 8.00-16.00 часот.
Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши од 8:00 - 16:00 часот, и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во просториите на УНИ банка.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење