Живот
2. July 2016 - 13:51

Исповед на оженет маж: Се гледам со една убава девојка, иако сум во брак!

„Морам нешто да ви признаам. Се гледам со друга иако сум во брак. Таа е неверојатна девојка: убава, паметна и има силна верба во Бога. Сакам да ја носам на вечера, уживам додека гледаме филм, серија и не пропуштам шанса да и кажам колку е убава.
 
Не се сеќавам кога последен пат сум и се налутил повеќе од пет минути, нејзината насмевка е толку волшебна што секој ден ми го прави посебен, без оглед на тоа колку е тежок.
 
Понекогаш ме посетува на работа, како изненадување, да ме однесе на ручек или пак да го зготви она што најмногу го сакам. Не можам да поверувам колку сум среќен, се гледам со неа, а во брак сум. Ве повикувам и вас да пробате и да видите можеби тоа ќе влијае врз вашиот живот!
 
Дали ви кажав дека девојката со која се гледам е мојата сопруга? па што очекувавте? Тоа што сте во брак не значи дека вашиот живот не постои!
 
Морам да продолжам да се гледам со својата жена иако сум со неа во брак. Мојата жена не треба да исчезне ниту мојот живот само затоа што еден на друг си кажавме „ДА“.
 
Често гледам дека односот меѓу партнерите престанува да расте и напредува, тоа е зошто престанале да се следат меѓусебе.
 
Забавување е период кога ќе се запознаете со некој на прекрасен и единствен начин, зошто тоа би морало да престане? Пеперутклите кои ги имате во стомакот не мора да исчезнат само затоа што сте заедно со години. Секој ден следете го вашиот партнер/ка како да сте на пшочеток на врската, ќе бидете среќни.
 
Ве поканувам, денес да излезете со својата партнерка и да и се предате со целото срце. Сфатете дека забавата не престанува со тоа што сте кажале „ДА, се согласувам!“.