Живот
18. February 2016 - 8:58

Исповед: Го сакав повеќе од се но тогаш ја дознав суровата вистина

На сите мои колешки на факултет им се фалев дека имам совршено момче. Беше талентиран, успешен, убав, згоден, малку постар од мене, но љубовта цветаше. Беше во добра финансиска состојба и уживавме заедно, се пронајдовме во се. Започнавме и заеднички живот и мислев дека тоа е тоа - тој ми е судениот! Вака ја почнува својата приказна млада анонимна девојка.

Приказната продолжува сосема поинаку. Вели дека до крајот на студиите била оставена, понижена и со скршено срце. По година дена започнале да живеат заедно и се било совршено на почетокот.

- Секојдневно контактиравме по социјалните мрежи и телефон додека беше на работа. Еднаш отиде на пат, а кога се вратив дома, ме пречека постара жена која седеше на нашиот кревет. Ја носеше мојата огрлица која ја добив за годишнина, пушеше цигара и пиеше кафе од мојата чаша. Ми соопшти дека со месеци е со моето момче, но сепак живеат малку пократко заедно, раскажува девојката.

Таа знаела за девојката но не и пречело, се до моментот кога решила дека момчето треба да е само нејзино.

Сите патувања во странство поради бизнисот всушност биле заминување кај другата девојка. 

- Жени, не е се така како што изгледа. Некогаш совршеното е далеку од тоа. Внимавајте кому му дарувате љубов, завршува таа.