Исполнети се сместувачките капацитети за ковид пациенти во струмичката болница
Седумдесет и пет ковид-пациенти се лекуваат во струмичката болница, а 16 од нив се на кислородна поддршка, информира директорот д-р Наќе Гогов.
Иако полека се намалува бројот на новозаразени во Струмица, сепак бројот на пациенти кои се лекуваат од коронавирусот во болницата е голем.
– Имаме уште 30 пациенти кои се лекуваат во дневната болница, кои доѓааат тука да ја примат терапијата и потоа продолжуваат да се лекуваат дома. Вчера се испишани шест оздравени пациенти и засега имаме толку слободни кревети од вкупно 81, изјави директорот Гогов.
Двајца лекари и три медицински сестри се во изолација и во споредба со порано овој број е многу помал кога имаше десетина заразени од медицинскиот персонал.
Инаку, на почетокот на овој месец почнаа работите за поставување на модуларна ковид-болница во Струмица. На површина од околу 600 метри квадратни треба бидат поставени 36 контејнери во кои ќе има триесетина кревети наменети за пациенти со лесна и потешка клиничка слика.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест