-->
-->
Испливаа брутални детали од судар на банди во бразилски затвор: Затвореници сечеле глави и играле фудбал со нив
-->
По судирите на две банди во еден бразилски затвор, кој траел повеќе од 5 часа, убиени се 52 луѓе, а сега испливаа и бруталните детали.
Членовите на бандата провалиле од едно во друго крило на затворот Алтамир во сојузната држава Пара, пишуваат локалните медиуми, а пренесува Би Би Си.
Официјални претставници на конференцијата за новинари открија дека 16 луѓе се убиени така што им се отсечени главите.
Ден по масакрот локалните медиуми објавија вознемирувачки слики од сударот на бандите, јавува Дејли мејл, а на еден од нив се гледаат криминалци како на покривот на затворат играат фудбал со човечки глави.
Во бразилските затвори се наоѓаа 727.000 иако капацитетите се предвидени за околу 368.000 осуденици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати