Свет
10. December 2016 - 19:46

Исламска држава повторно влезе во Палмира

Џихадистите од Исламска држава денеска повторно влегоа во древниот сириски град Палмира, од каде беа протерани пред девет месеци, јави Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

-ИД денеска влезе во Палмира и во моментов го зазема нејзиниот северозападен дел. Во центарот на градот сириската војска, исто така, се бори со џихадистите, соопшти Рами Абдел Рахман, директорот на Центарот, пренесоа француските медиуми.

Во текот на 10-месечната окупација на Палмира џихадистите од ИД уништија бројни споменици што се наоѓаа на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО, како и древниот град Тадмур, потсетува Би-Би-Си

Храмовите стари два милениума, Тријумфалната капија и другите знаменитости останаа во урнатините.