ОН: Исламска држава извршила воени злосторства во ирачки затвор
– Шефот на тимот на ОН што ги истражува злосторствата во Ирак, Кристијан Ричер, изјави дека екстремисти на џихадистичката група Исламската држава (ИД) извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото во затворот во Мосул во јуни 2014 година, каде систематски се убиени најмалку 1.000 муслимански затвореници, главно шиити.
– Доказите собрани од масовни гробници со посмртните останки на жртвите на егзекуцијата во централниот затвор Бадуш и од преживеаните, ги покажуваат деталните подготовки за нападот од страна на високи претставници на ИД, извршен на 10 јуни рано наутро, изјави Ричер вчера пред Советот за безбедност на ОН.
Тој истакна дека „заробените биле однесени на локации во близина на затворот, разделени врз основа на религијата и понижени. Најмалку илјада, главно шиитски затвореници, се убиени“.
Ричер додаде дека со анализа на дигитални, документарни и форензички докази, вклучително и документи на Исламската држава, се идентификувани голем број членови на екстремистичката група, кои се одговорни за злосторствата.
Како резултат на истрагата, Ричер нагласи дека истражниот тим на ОН заклучил дека ИД извршила „злосторства против човештвото за убиства, истребување, тортура, присилни исчезнувања, прогон и други нехумани дејствија“ во затворот Бадуш, како и „воени злосторства за случајни убиства, тортура, нехумано постапување и нарушување на личното достоинство“.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората