Македонија
22. December 2017 - 12:42

Исечени две стари тополи на булвар „Србија“

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска исекоа две стари и суви тополи на булевар „Србија“. Двете тополи претставуваа  закана по сигурноста и безбедноста на граѓаните и нивниот имот, информира прес-службата на општина Аеродром.

Посочуваат дека секое исечено дрво ќе биде соодветно надоместено. Општина Аеродром и Град Скопје имаат издвоено значителни средства за нови дрвја и зелени површини, како и за тековно одржување и обнова на зеленилото во Аеродром.