Македонија
28. July 2022 - 13:37

Исчезнатата 75-годишна Стојанка од Ченто пронајдена мртва

Четири дена откако започна потрагата по Стојанка Ѓоргиева (75) од Скопје, жена која боледува од Алцхајмер и е без слух, таа денеска била пронајдена мртва.

Нејзината ќерка за „Фокус“ вчера изјави дека во текот на завчерашниот ден таа била видена од еден овчар со кого и разговарала.

Вчера се пребаруваше рид во близина на Орланци каде бил пронајден и дел од облеката на Стојанка.