Свет
1. January 2018 - 20:05

Ирански полицаец убиен за време на протестите во Наџаф

- Иранската полиција денеска информираше дека еден полицаец бил убиен за време на протестите во градот Наџаф. Ова е првата жртва од страна на безбедносните сили, а досега беа убиени најмалку 12 демонстранти.
 
- Еден од учесниците во немирите ја искористи ситуацијата во градот Наџаф и отвори оган врз полицијата со ловечка пушка. Како резултат, еден полицаец беше ранет, а еден падна како маченик, иранската државна телевизија ја пренесе изјавата на полицискиот портпарол Саед Монтазер ал Махди.
 
Протестите избија при крајот на минатата недела, како реакција на поскапувањата на храната, и набргу се претворија во масовни протести против власта на ајатолахот Хамнеи и претседателот Хасан Рухани. Американскиот претседател Доналд Трамп им изрази поддршка на демонстрантите, додека Русија денеска побара да нема странско мешање во внатрешните политички прашања на Иран.