Бизнис
21. February 2020 - 18:04

Инвеститорите се жалат дека државата не им издава работни дозволи

За работна дозвола во земјава странските експерти  чекаат  со месеци.  Инвеститорите кои работат тука се жалат дека  не можат да донесат високостручен кадар од други земји  кои ги ангажираат за  потребите во компанијата,  затоа што процедурата за добивање на работна виза  трае  предолго.  Често се случува да бидат и одбиени без никакво образложение или пак со објаснување дека и тука има експерти кои може да ги користат.

- Поминуваат низ тешки услови. Тоа ни го сигнализираат сите инвеститори. Ние излегува дека не сакаме да доаѓаат луѓе од никаде. Ние треба да сме подготвени за тоа затоа што секаде сме добредојдени. Ние не може  да им ги дадеме тие стручни лица. Сите тие луѓе што се тука се мачат да довбијат работна виза, рече Антони Пешев од СКМ

Проблем за инвеститорите се и честите промени на законите и данокот на личен доход кој се менуваше неколку пати во изминатиов период. Италијанските компании реагираат и на владеењето на првото.  Тие доаѓаат тука со пари и план за работа и многу е важно да имаат гаранција дека судовите работат  добро.

Италија е еден од нашите најголеми трговски партнери. Во земјава работа 130 компании од таму кои инвестирале околу 122 милиони евра.