Живот
7. February 2017 - 11:41

„Инвазија“ на медузи на брегот на Австралија

На бреговите на Австралија се насукаа голем број медузи, оставајќи впечаток како да тргнале во инвазија на копното, објави „Мешабл“.

Шарлот Лосон на Фејсбук објави неколку фотографии кои делуваат како глетка од научно-фантастичен филм на инвазија на вонземјани.

Според медиумските извештаи, медузите во изминативе два несеци „испекле“ околу 23.000 лица.

Морските биолози тврдат дека до оваа појава дошло поради многу силните северни ветрови, кои дуваа во текот на целото лето во Австралија.